ФОТО: Сите погледи беа вперени во нив

Нивното ретко појавување во јавноста неможеше да помине незабележано, а убавата Русинка дојде за да го поддржи својот вереник.

Убавата манекенка Ирина Шајк пристигна во Мадрид за да го придружува Кристијано Роналдо на гала вечерта по повод Професионалната фудбалска лига за 2014-та година.

Двојката ретко се појавува заедно на црвениот тепих. Манекенката облечена во црвена тоалета го привлече вниманието на сите, но и Роналдо беше доста елегантен.

-Ова за мене е голема вечер. Добив награда за најдобар напаѓач, најдобар гол и за најдобар фудбалер на сезоната и многу сум среќен, порача Роналдо на социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.