Македонија

ФОТО: Скопје блесна во новогодишни бои

ФОТО: Скопје блесна во новогодишни бои

Град Скопје и годинава, традиционално, за да го разубави амбиентот за претстојните Новогодишни и Божикни празници го украси и декорира  централното градско подрачје.

Централната новогодишна елка со висина од 18 метри, со светлосни и други украсни елементи,  поставена е на просторот помеѓу споменикот „Воинот на коњ“ и Порта Македонија.

Декорирани и украсени со  разнивидни светлосни елемени се  следниве простори:

Плоштадот „Македонија“ , плоштадот „Пела“,  плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,  како и следниве улици во централното градско јадро:

-Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата на Република Македонија; улицата „Даме Груев“; Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улица „Димитрие Чуповски“; улица „11 Октомври“; улица „ВМРО“; улица „Филип Втори Македонски“, на потегот од раскрсницата кај Специјалнатa болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“; просторот пред Судската палата и булевар „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“ до Влада на Република Македонија; Старата чаршија пред националната галерија „Чифте амам“; украсување на Паркот „Жена борец“; украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“; украсување на улица „Македонија“; и Булевар „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“.

Украсувањето заврши вчера, додека раскрасувањето ќе се одвива од 15 јануари до 18 јануари година.

За за украсувањето годинава се задолжени фирмите „Линк Медиа Плус“ ДООЕЛ Скопје и „Лутарико Дооел-Скопје”. За новогодишната декорација Градот издвои 10.400.000 денари.

Novogodisno ukraseno Skopje 2014 (1)  Novogodisno ukraseno Skopje 2014 (5) Novogodisno ukraseno Skopje 2014 (6)