ФОТО: Скопје дел од акцијата „Часот на Планетата Земја“

Градот Скопје вчеравечер беше дел од акцијата „Часот на планетата Земја“ – најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.

ФОТО: Скопје дел од акцијата „Часот на Планетата Земја“
ФОТО: Скопје дел од акцијата „Часот на Планетата Земја“

Акцијата „Часот на планетата Земја“ траеше од 20:30 до 21:30 часот, каде илуминацијата беше исклучена на следните локации во центарот на градот:  Улицата Македонија, Палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, Паркот „Жена борец“ и спомениците, Плоштадот „Филип Втори“,  Мостот „Око“ и Мостот на уметноста.

ФОТО: Скопје дел од акцијата „Часот на Планетата Земја“
ФОТО: Скопје дел од акцијата „Часот на Планетата Земја“

Покрај исклучувањето на илуминацијата на овие објекти, на настанот се изведе и преформанс со 300 свеќички на улицата Македонија.

ФОТО: Скопје дел од акцијата „Часот на Планетата Земја“
ФОТО: Скопје дел од акцијата „Часот на Планетата Земја“

Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од Обединетите Нации. Во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ се вклучуваат над 170 земји, а многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на споменици, згради, мостови, канделабри во парковите и слично.

Целта на овој настан е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.