Магазин

ФОТО: Скриено виножито во вашата коса

ФОТО: Скриено виножито во вашата коса

Деловно однадвор, забавно одвнатре – ова е мотото на оваа хит фризура што ќе ги воодушеви сите  оние што  не смеат премногу да експериментираат со косата.

Уште пред неколку години сите полудеа за косата во бојата на виножитото, но само ретки среќнички можеа да се појават и на работа со шарена коса. Ако сте вие една од оние на кои што шарените прамени им се непрежален сон, а овој нов тренд е како создаден за вас. Се работи за т.н. скриено виножито, а се бојадисуваат прамени во внатрешниот слој на косата.

A photo posted by Not Another Salon (@notanothersalon) on

На тој начин на работното место можете да ги прекриете шарените прамени, а во слободното време можете да имате кул фризура за каква што сте сонувале.

A photo posted by Not Another Salon (@notanothersalon) on

Оваа фризура во моментов е хит на улиците на Лондн, една од најголемите модни метрополи, па веруваме дека овој тренд ќе се прошири и на остатокот на светот, со оглед на тоа дека полека завладеа со Инстаграм. А не е тешко ниту да разберете зошто, затоа што е мошне паметно осмислена, а со ваква фризура изгледот в оопшто неможе да ви здодее, затоа што секојдневно можете да се менувате!

A photo posted by Not Another Salon (@notanothersalon) on