ФОТО: Слепиот мајстор на трикови со карти

Има многу мајстори на трикови со карти, но Ричард Тарнер е посебен, бидејќи тој е слеп, но мошне успешно ја мами публиката со своите карти и неверојатни трикови.

Ричард прави трикови со карти од седумгодишна возраст и  никогаш не губи во игра со карти.. За да стане толку вешт, Ричард вежбал 10-20 часа секојдневно.

Ричард немал лесен живот. Тој започнал да го губи видот на возраст од девет години и секогаш бил потценуван од соучениците. Тој имал проблеми и со дрогата и алкохолот. Но, ниту една од овие пречки не застанала на патот на неговата страст.

Тоа  што го прави Ричард толку добар е неговото посилно чувство на допир кое го добил откако го изгубил видот. Неговите вештини денес ги користи за забавување на останатите наместо за играње за пари. Тој гостувал во многу познати емисии, а накратко се појавува и во филмот на Бред Пит, „Дрвото на животот“.