Магазин

ФОТО: Слика на Пикасо продадена за рекордни 179, 4 милиони долари

ФОТО: Слика на Пикасо продадена за рекордни 179, 4 милиони долари

Слика од Пикасо постигна рекорд како најскапо некогаш продадено уметничко дело постигнувајќи цена од 179,4 милиони долари на аукција на Кристис во Њујорк.

pikaso_slika_2

Аукциската куќа процени  дека кубистичкото масло на шпанскиот сликар Пабло Пикасо „Les femmes d’Alger (Верзија О)“ ќе биде продадена за околу 140 милиони долари, но неколку понудувачи натпреварувајќи се по пат на телефон доведоа до победничката понуда од 160 милиони долари.

Оваа сума со провизија од нешто повеќе од 12 отсто за Кристи`с ја донесе конечната цена од 179.365.000 долари, јави Хина.