ФОТО: Слон заплака кога по 50 години го ослободија од синџири!

Слонот Раџ 50 години бил жртва на разни користољубиви, бесчуствителни луѓе кои се обиделе да заработат правејќи бизнис на негова сметка, а својот живот го поминал врзан за синџири, со постојано физичко малтретирање и секогаш гладен. Сепак по половина век среќата повторно му се насмеала – ова прекрасно суштество почуствувало како е да бидеш слободен и сит.

1

Кога му ги извадиле синџирите, слонот заплакал!

– Во своето срце тој знаеше дека сме го ослободиле. Слоновите се величенствени животни и многу интелигентни. Докажано е дека тие се способни да страдаат и да ја чувствуваат тагата, па можеме да замислиме колку било страшно за него половина век да помине во ваква тортура. Кога го ослободивме, солзите се тркалаа по неговото лице. Сигурни сме дека за прв пат почувствува надеж, велат хуманитарците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.