(ФОТО) Словачки град сака да стане епицентар на љубовта

Најдолгата љубовна песна е објавена во XIX век во словачкото место Банска Штиавница, а денес ова средновековно рударско гратче сака да стане место на своевиден аџилак на љубовта.

Словачкиот поет Андреј Сладкович во 1846 година ја напишал „Марина“, песна со 2.900 стихови во 291 строфа, со којашто ја опеал својата несреќна љубов кон сограѓанката Марина Пишчлова.

Спротивно од приказната за Ромео и Јулија, оваа е вистинита. Родителите на Марина раката на својата ќерка ја дале на богат пекар, а не на сиромашниот поет.

Куќата во којашто Марина некогаш живеела е претворена сега во „Епицентар на љубовта“ во којашто може да се погледа интерактивна изложба за најдолгата љубовна песна некогаш напишана. Таму е сместена и „банката на љубовта“ во којашто современите двојки може да ги положат своите љубовни завети.

Овој своевиден музеј на љубовта, кој е отворен во декември по двегодишните подготовки и уредувања, го води локална невладина организација, коајшто се надева дека Банска Штиавница ќе ја претвори во централноевропска Верона.

„Многумина ни велат дека тоа е преамбициозно, но ако милиони луѓе се подготвени да се потегнат до Верона за да го видат балконот на измислената двојка Ромео и Јулија, верувам дека многумина ќе дојдат тука, каде трагичната љубовна приказна била стварна“, вели Катарна Јаворска, портпаролка на организаторот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.