ФОТО: Снег во Квинсленд по цели 30 години

Граѓаните на Квинсленд, Австралија останале вчудоневидени откако кога се пробудиле надвор ги дочекала снежна прекривка. Иако во некои делови од светот снегот е вообичаена појава, жителите на Квинсленд немаат видено природен снег цели 30 години.

sneg1

Службите во зимскиот период обично користеле машина за вештачки снег за да ја разубават зимата, а сега жителите на Квинсленд имаат можност да се порадуваат на вистински снег.

sneg2
Но, обилните снежни врнежи предизвикале хаос во сообраќајот, затворени се училишта, а во некои делови од Австралија дошло и до проблеми во снабдувањето со електрична енергија.