ФОТО: Снежна прекривка на Маврово

Тенка прекривка од снег утрово го избели Маврово. Слабите врнежи од снег, сепак, беа доволни за првиот слој од овогодинешниот снег кој во Маврово, Стража, Плетвар, Крушево и Делчево падна и пред почетокот на календарската зима.

Ски-сезоната хотелиерите и угостителите очекуваат да започне на 25 декември, до кога се очекува доволно висока прекривка за уживање во овој зимски спорт. Картите за ски-лифтовите веќе се во продажба.