Македонија,Политика

ФОТО: Со возило од 80.000 евра Заев промовира средната класа?

ФОТО: Со возило од 80.000 евра Заев промовира средната класа?

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, при вчерашната средба со тутунарите во Прилеп пристигна со луксузно возило Ауди А8, чија вредност се проценува на околу 80.000 евра,пишува Курир.

Откако изминативе денови во медиумите беше пласирана веста дека Зоран Заев се подновил со ново луксузно возило Ауди А8, сега, според овие фотографии можеме да заклучиме дека тоа било вистина.

Оттука е нејасно како Зоран Заев и СДСМ зборуваат за враќање на средната класа, а при посетите и средбите со граѓаните насекаде низ државата, се појавуваат со скапи и луксузни возила. Таков беше примерот и при вчерашната посета на Заев во Прилеп.
Ова е уште еден од многуте примери кои ги дисквалификуваат неговите изјави за тоа дека тој припаѓа во средната класа и се бори за нејзино враќање.

Очигледно, според перцепцијата на Зоран Заев за средната класа, секој граѓанин кој поседува луксузно возило кое чини 80.000 евра би требало да припаѓа на истата.