(ФОТО) Соборено стебло уништи автомобил во Тафталиџе

Невремето коешто во петокот во раните попладневни часови зафати делови од Македонија, проследено со силниот ветер предизвика штети кои се проценуваат.

Временските прилики предизвикаа поплави на објекти и улици во Прилеп, Овчеполието, како и во главниот град Скопје.

На фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ беше објавена фотографија на која се гледа дека откорнато дрво од невремето поклопило автомобил паркиран во скопската населба Тафталиџе.