Свет

ФОТО: Сомнителен куфер во близина на кралската палата во Брисел

ФОТО: Сомнителен куфер во близина на кралската палата во Брисел

Безбедносните служби биле повикани откако британски европарламентарец забележал сомнителен куфер во центарот на Брисел, само неколку минути по експлозиите на две локации во градот, јавува „Дејли Експрес“.

Според информациите безбедносните мерки околу кралската палата во Брисел вообичаено се на мошне ниско ниво, односно има само неколку војници кои што ја обезбедуваат палатата.

Во терористичките напади во Брисел утрово најмалку 27 лица загинаа, а над 35 се повредени.

Според информациите на бриселкиот аеродром утрово оддекнале две експлозии на дескот на „Американ ерлајнс“ и една на метро станицата во Малбег.