Магазин

ФОТО: Сонцето ги измами скопјани

ФОТО: Сонцето ги измами скопјани

Зимското сонце и температури од 20 степени ги разбуди скопјани,  па излегоа на прошетка да ги впијат првите сончеви зраци.

Викендов беше раздвижено и топло во Скопје, немаше слободна клупа во центарот на градот, тревниците во градскиот парк полни со деца и млади, а велат на жичарата на Водно се чекало дури и по петнаесетина минути.

net1

Иако календарски се’ уште е зима, во последниве денови во Скопје е вистинска пролет. На стазата на кејот на Вардар велосипеди и ролери, рекреативци џогираа на топлото сонце, а родителите со топки играа со дечињата во градскиот парк, посмелите си купија и сладоледи, како сите да заборавија дека сепак е февруари.

net3

Метеорозолите велат дека топлото време ќе продолжи и во текот на оваа седмица, па најдете време и прошетајте и гледајте како природата се буди од зимски сон.

net4

 

net5

net6

 

net7

net8

 

net9

net10

 

net11

 

net12

 

net13

net14

 

net15

net16