ФОТО: Сообраќајка кај Гевгелија, меѓу учесниците и Шеќеринска

Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа што се случила кај надвозникот во село Мрзенци, на автопатот А1 Скопје-Гевгелија. Сообраќајот на оваа делница се пренасочува, потврдија од МВР.

Од полицијата информираат дека 27 годишната Б.Т. е полесно повредено во сообраќајна несреќа меѓу две возила на автопатот. Повреденото лице е пренесено во гевгелиската болница.

– Нема застој во сообраќајот, рече Рендевска и додаде дека за краток период сообраќајот ќе биде целосно нормализиран.

Во сообраќајната несреќа учествувала и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

sekerinska3

Според информациите, џипот „митсубиши пајеро“ кој го управувал таткото на Шеќеринска, 68 годишниот А.Ш. а во кој покрај заменичката на Заев се превезувала и нејзината мајка имал судир со автомобил „шевролет авео“ со гевгелиски регистарски таблички управуван од 29 годишната Б.Т. која по несреќата се пожалила на повреди и била префрлена во болница.

sekerinska2

Шеќеринска не била повредена, иако возилото било многу оштетено.

Од СДСМ најавија наскоро соопштение во врска со настанот.

 

ФОТО: Пулс24.мк