ФОТО: Сообраќаен срам- со автомобил низ Градски парк

Сонцето вчера натера голем број граѓани да излезат на прошетка во Градскиот парк во Скопје.

Некои со децата, други со милениците шетаа низ паркот, но она што ги изненади сите, е автомобилот кој се движеше во паркот, по патеката која е наменета исклучиво за пешачење.

Сите кои во тој момент се најдоа таму зачудено го гледаа возилото кое поминуваше низ паркот, а револтирани граѓани веднаш поставија слики на фејсбук станицата “Ѕид на сообраќајниот срам”.

(ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам)