ФОТО: Сообраќајките во просек годишно одземаат по 157 животи

Во периодот од 2006 до 2013 година, процентот на загинати во сообраќајни незгоди на 100.000 жители за изнесува 7,8 отсто, а најголем број од настраданите се од 21 до 24 годишна возраст.

Токму поради тоа МВР во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжува со низата превентивни активности пред се кај маладата популација во насока на зголемување на степенот на сообраќајна едукација и култура кај учесниците во сообраќајот и генерално за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска  синоќа на фреквентната скопска сообраќајница Орце Николов заедно со претставници на РСБСП, на помладите учесници во сообраќајот им делеше флаери со едукативна содржина – „ Алкохол и волан најлоша комбинација“ а во рамки на акцијата „Летна кампања 2014 година“, која се реализира во текот на овој и идниот месец.

goca

Имено според статистичките согледувања и анализи најголемиот број тешки сообраќајни несреќи се случуваат во населените места во текот на овие два летни месеци, и во деновите петок и сабота кога младите се најактивни.

Во просек за периодот од осум години (од 2006 до 2013 година), во  Македонија годишно во сообраќајни несреќи настрадале во просек по 157 лица. Во текот на минатата година се случила вкупно 4.236 сообраќајни незгоди со потешки последици а во 144 од нив возилото го управувале лица под дејство на алкохол.

За првите шест месеци од оваа година се случиле 1.753 сообраќајни незгоди со фатални последици во кои загинале 64 лица, а преку 403 лица се здобиле со тешки  телесни повреди додека пак 2028 лица се здобиле со телесни  повреди. Од извршените сообраќајни контроли пак во овој шестмесечен период констатирано е дека во просек неделно над 200 возачи управуваат возило под дејство на алкохол.

goca11

Во рамки на МВР дефинирани се низа пред се превентивни активности особено за контрола на загрозувачкит прекршоци во сообраќајот на патиштата (со посебен акцент на прекршокот алкохол), кои ги прават младите  возачи, и истите секојдневно ќе се спроведуваат на контролни места односно делници каде најчесто се чинат прекршоците. Исто така се организиираат и спроведуваат засилени акциски контроли, најмалку една во текот на неделата, при што во план е да се поделат повеќе 50.000 флаери на младите возачи.