ФОТО: Спасени завеанитe на автопат кај Зрењанин

Со два воени хеликоптери, во пет наврати вчера беа спасени патници кои неколку часа беа завеани на делницата на патот Стајиќево-Перлез кај Зрењанин. Осумдесетина патници со хеликоптерите беа пренесени во болница, за среќа, немаат потешки повреди, а вкупно над 200 лица беа завеани во снежната бура која ја зафати Србија.

Foto: Ministarstvo odbrane Srbije

 

Сообраќајот на делницата Стајиќево-Перлез во Србија беше блокирана , поради ветер со орканска силина што предзвика наноси од снег.

Backa-topola-Fonet.jpg

Снежните наноси на автопатите достигнуваат висина и до 4 метри, а дува и орканска Кошава со удари на ветер од 120 км/ч. Во прекин се многу локални патишта на подрачјата на Зрењанин, Панчево и Ковин.

Foto: Vojska Srbije

 

 

 

Состојбата во Војводина и понатаму е критична. Магистралниот пат Белград-Зрењанин и понатаму е прекинат, а најкритична е состојбата на дел од патот Стајиќево-Перлез. Во спасувачката акција биле вклучени дури и тенкови. Дел од патниците биле заробени во снегот повеќе од 10 часа. Превртени и излетани возила уште повеќе го отежнуваат расчистувањето на патиштата.