ФОТО: Специјалците на МВР на заедничка вежба со американските колеги

Заедничка тактичка вежба на специјалните единици на МВР заедно со Специјалната оперативна команда на САД во Европа (US SOCEUR) денес беше реализирана во рамките на обуката за македонските безбедносни сили во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

vezba-mvr-640x399

Оваа заедничка тактичка вежба опфаќа сценарио во реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи со закани од минско експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање на конкретни мерки и активности согласно процедурите и нормите кои што се спроведуваат во вакви и слични безбедносни појави, соопштуваат од МВР.

vezba-mvr1-640x382

Оваа обука континуирано ќе продолжи да се споведува согласно програмата за работа и обука на специјалните сили при МВР во соработка со Амбасадата на САД.

vezba-mvr3-640x427

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.