ФОТО: Споменик за жртвите на монструмот Брејвик

Норвешка реши за изгради споменик во чест на 77-те жртви на монструмот Андрес Брејвик.

Шведскиот уметник Јонас Далберг Дело е победник на Меморијалната награда 22 јули во Норвешка која се доделуваше на идеи за споменик.

Далберг предлага да се исече парче од 1.000 кубни метри од карпа на островот Утоја, каде Андерс Беринг Брејвик изврши масовно убиство, за да се остави вечна трага во пејзажот.

Потоа, парчето камен ќе се однесе на местото каде Брејвик ја детонираше бомбата во централно Осло, каде од него прво ќе се направи меморијална патека, а потоа и постојан амфитеатар насловен “Време и движење”.