ФОТО: „Срдечен“ бугарски пречек за мигрантите

„Срдечен“ бугарски пречек за мигрантите
„Срдечен“ бугарски пречек за мигрантите

Оваа фотографија го покажа вистинскиот срдечен бугарски пречек за мигрантите.
На еден граничен премн, Бугарите поставиле табла со која им сугерират на мигрантите дека во нивната држава не ги чека мед и млеко. „Овде нема леб“, порачуваат Бугарите.

Машрутата на бегалците од Блискиот исток, пред се од Сирија, најчесто е Грција-Македонија-Србија-Унгарија, меѓутоа мигрантите патуваат и преку Бугарија. Но, Бугарите, во секој случај, ажурно известуваат за состојбата во нивната земја.

„Драги мигранти, добредојдовте во Бугарија! Нема работа. Нема пари. Нема иднина. Вратете се назад. Благодарам, пишува набилбордот.

Иако Бугарија не е посакувана дестинација за бегалците, сепак им се порачува дека таму немаат што да бараат. Дали е пораката на овој бугарски пречек  е добронамерна, или содржи друга тајна, проценете самите.