ФОТО: Српскиот претседател во опуштено издание

Пакистанската Амбасада во Србија вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографија од манифестацијата „Село слави шљиву“ во селото Гргура, општина Блаце на која српскиот претседател Томислав Николиќ може да се види во опуштено издание.

На фотографијата се прегрнати амбасадорот на Пакистан, Ариф Махмуд, претседателот на Србија, Томислав Николиќ и фолк пејачот Милан Топаловиќ Топалко.

Манифестацијата беше одржана во средината на септември, но фотографијата беше објавена вчера.