ФОТО: Српските медиуми ја признаа МПЦ

По повод денешното започнување на божиќните пости српски Телеграф објави фотографија од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. Во прилог на текстот се објаснува големото значење на празникот за православниот свет.

На социјалните мрежи од двете страни на границата постојат разни коментари за фотографијата, но ниту една не е навредлива. Едни велат дека Телеграф ја призна МПЦ пред тоа да го стори СПЦ, а други пак шпекулираат дека медиумите први го скршија мразот меѓу двете раскарани сестрински цркви.