ФОТО: Стартуваше триесетиот охридскиот пливачки маратон

Триесетиот Охридски пливачки маратон започна денеска точно на пладне од Свети Наум.

Девет пливачи во машка и исто толку во женска категорија ја започнаа битката за освојување на тронот.

Стартот на трката во 12 часот го означи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој претходно на сите маратонци им посака среќен натпреварувачки ден, мирна вода и освојување на најдобар резултат.

Се очекува околу 17 часот да пристигнат и првите пливачи на целта на Градското пристаниште.

maraton_30_4009

maraton_30_4008