Македонија

Фото: Ставрески во Прилеп

Фото: Ставрески во Прилеп

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со градоначалникот Марјан Ристески, пратениците во Собранието на РМ и претседателот на советот Никола Димески ги посетија поплавените и критични места во општина Прилеп.

Ставрески посочи дека состојбата во сите делови од земјата како и во Пелагонискиот регион е алармантна, а поплавите направиле вистинска штета на земјоделските посеви како и кај голем дел од поплавените куќи, особено подрумските простории.

-Сите екипи се на терен, на терен се и градоначалниците кои се во постојана интеракција со кризните штабови, ЈКП и војската. Апелирам на будност и мобилност, а особено на добра координација бидејќи мораме да им помогнеме на населението кое е загрозено, посочи тој.

stavre500

5prilep

3prilep

2prilep

1prilep