(ФОТО) Страшен судир на четириесет возила во САД, три жртви

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени во верижен судир на повеќе од 40 возила што се случи во Мичиген на автопатот во северозападниот дел на американската сојузна држава Индијана, јави ТВ мрежата АБЦ.

verizen 1

 

Во верижниот судир учествувале повеќе од 40 возила, меѓу кои и голем број  на камиони. До несреќата дошло кога еден шлепер се превртел и поради голомразица и слаба видливост, по што следел и верижен судир.

Чекајќи помош, голем број на возачи, останале во возилата заробени и премрзнати, поради ниските температури.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.