ФОТО: Страшна сообраќајка во Струмица

Тешка сообраќајна несреќа се случи на влезот на Струмица.

Како што пренесува порталот Струмица денес, сообраќајната несреќа се случила на транзитниот пат на раскрсницата кај Жито Струмица.

Страшна сообраќајка во Струмица, фото: Струмица денес
Страшна сообраќајка во Струмица, фото: Струмица денес

Во неа учествувале комбе и патничко моторно возило Опел Корса. Според информациите што ги објави порталот во 4 часот изутринава интервенирале пожарникарите, а според очевидци има и повредени.

Инаку агришува бројот на сообраќајни незгоди во струмичкиот регион, во првите пет месеци годинава се случиле вкупно 222 незгоди.