Македонија,Крими хроника

ФОТО: Страшна сообраќајка на „Илинденска“

ФОТО: Страшна сообраќајка на „Илинденска“

Страшна сообраќајка се случи утрово на булеварот Илинден, во непосредна близина на Гимназијата „Орце Николов“.

На десната страна од булеварот превртено на покрив стои едно возило, пишува Сител. На булеварот видливи се траги од ударот на возилото во средишната бетонска жардињера.

ilindenska-soobrakjajka

Полицијата врши увид во моментот. Засега нема информации за повредени во сообраќајката, поради која беше и сопрен сообраќајот.