ФОТО: Струмичани на масовен протест, бараат оставка од Заев

По скандалозната видео снимка која се појави на Јутјуб и на која јасно се гледа дека лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев бара мито од 200.000 евра, струмичани денес излегоа на масовен протест и побараа оставка од Заев.

protest-1

„Дали планирате да се појавите пред струмичани?“, „Струмица не е нечиј чифлик за продавање“, „Вистината за Струмица- 1 евро за 1 метар квадратен“, „Едно евро имаме кај Вице“ беа дел од пораките кои струмичани ги упатија до нивниот градоначалник по избивањето на скандалот.

protest-2

Револтот на струмичани се појави откако ова е прв ваков темелен случај на градоначалник и политичар да бара мито и за тоа да е фатен на видео снимка. Заев бара по 100 илјади евра за себе при што вика парите да се уплатат кај неговиот брат Вице Заев, а втората половина порачува да се дадат како донација.

protest-3

По објавувањето на несоборливиот доказ како што се гледа на видео снимката покрај барањето од граѓаните на Струмица тој да си поднесе оставка од градоначалничката фунција, исто така и во СДСМ се повеќе расте притисокот Заев да си оди од лидерската позиција во партијата.

protest-4