Фото: Судар на два воза во Бразил, над 140 лица повредени

Повеќе од 140 лица се повредени во судар на два патнички воза во градот Мескита, во бразилската држава Рио де Жанеиро, пренесува МИА.

До несреќата дошло вчера навечер, во 22.20 по средноевропско време, кога во еден од возовите кој стоел на станицата, удрил воз зад него на истиот колосек, соопшти шефот на сообраќајната служба на државата Рио де Жанеиро Карлос Осори, пренесува Танјуг.

rio-voz1-500

Според извештаите, дел од патниците се полесно повредени и префрлени се во четири локални болници.
Регулатирната агенција Агетрансп спроведува истрага за причината на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.