ФОТО: Суперлимузините на Путин отпорни на помали нуклеарни удари

Руската агенција „Лента“ објави макета од новите руски суперлимузини, Марусја Л2, кои што ќе бидат наменети за претседателот Владимир Путин и останатите високи државни претставници на Кремљ.

Таа лимузина, која на прв поглед потсетува на „Жабата“ на Цитроен, е тешка околу еден тон, но за 4,2 секунди ќе дотигне брзина од 100 километри на час. Иако не се открива од кој материјал се изработуваат, ќе работи на принципот како болидите на Формула 1, што ќе го направи да биде полесен, побрз и посигурен.

Автомобилот ќе има автоматизирана кабина, која ќе биде изработена во најпознатата руска фабрика за часовници „Денисов“. Лимузината ќе биде блиндирана и ќе може да издржи полесен нуклеарен удар. Стаклата ќе бидат затемнети и непробојни.

Марусиа ќе се произведува во ограничени количини и ќе служи само како автомобил за високи политички претставници, па засега никој од „обичните смртници“ нема да може да си ја дозволи.