ФОТО: Светските метрополи се вклучија во акцијата „Часот на планетата Земја“

Некои од најпознатите обележја на повеќе светски метрополи потонаа синоќа во мрак, откако беа изгаснати светлата во знак на поддршка на кампањата „Часот на Земјата“, која се бори против климатските промени на планетата, пренесува МИА.

berlinberlin_2

Оваа година во „Часот на Земјата“ учествуваа над 170 држави. Во рамки на акцијата беше изгаснато осветлувањето на 1.200 познати знаменитости во целиот свет, вклучувајќи ги тие во Њујорк, Кремљ, Ајфеловата кула, атинскиот Акропол, Биг Бен и статуата Христос Спасителот во Рио де Женеиро.

london

Жителите на Њујорк зедоа учество синоќа во меѓународната еколошка акција. Во 20:30 часот по локално време на еден час беа изгаснати светлата на главните обележја, плоштадот Тајмс сквер и облакодерот Емпајр стејт билдинг. Во мрак потона и седиштето на Обединетите нации, кое се наоѓа на брегот на Ист ривер.

Кон акцијата се приклучија и десетици илјади граѓани на Њујорк, кои ги исклучува светилките во своите домови.

paris

Ајфеловата кула вчера на пет минути потона во марк, откако нејзините светла беа изгаснати во знак на поддршка на кампањата.

За време на „Часот на Земјата“ Москва вчера заштедила 399 мегавати електрична енергија, изјави претставник на властите во рускиот главен град.

moskva

Точно во 20:30 часот по локално бреме во Москва вчера беа изгаснати светлата на Кремљ, како и на други познати знаменитости на рускиот главен град.

Кампањата „Часот на Земјата“ почна во 2007 година на иницијатива на Светскиот фонд за дивата природа со цел да се зајакне свеста за прашањата поврзани со животната средина.