ФОТО: Свлечиште на Регионалниот пат од Прилеп до Мариово

Регионалниот пат  1107 кој води до населеното место Мариово,  денеска беше затворен за тешки товарни возила, а останатите учесници во сообраќајот  возеа многу внимателно, бидејќи поројните дождови направија вистинско свлечиште.

svlechishteeee (1)

Подрачното одделеније на Македонија пат, пртеставници од ЕВН, градоначалникот Марјан Ристески и останатите  надлежни служби, излегоа  на терен за да ги увидат веќе напавените штети.

svlechishteeee (3)

Од подрачното одделеније на Македонија пат посочија дека проблемот мора веднаш да се реши и да се интервенира со тампонирање на  местата на патот каде е појавено свлечиште со поголем обем. Службата исто така апелираше на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.

svlechishteeee (4)