ФОТО: Тајни прстени на нацистите – мистерија стара 69 години!

Необичните градби, дела на нацистите од Втората светска војна во близина на руското село Линакхамар кај Баренцово море и денес претставуваат мистерија. Станува збор за таинствени таканаречени прстени на Третиот Рајх. Од завршувањето на војната, тие се предмет на пристапниците на теориите на заговор. Се доби на важност, откако Советската војска го ограничи пристапот по војната, а тешко е да се пристапи до нив.

Локалните жители, а посебно заговорниците, тврдат дека во објектите се тестирало нацистичко супероружје. Има и теории дека овие прстени се користеле како рампа за лансирање на нацистичките НЛО, односно летачки чинии кои наводно користеле антигравитациски уреди. Се наведува дека во сопственост на оружјето по војната, дошле САД и СССР.

222

Од друга страна, поединци наведуваат дека станува збор за супер летала, таканаречени „ѕвона“. Станува збор за објект во облик на ѕвоно, кој Германците го развивале во Полска. Тајниот проект на развој, прекинат е дури кога на нив загинале 60 научници. Летачкиот објект добил шифрувано име Ди Глок.

Летачката чинија била висока меѓу 3,5 и 4,5 метри, со дијаметар од 2,7 метри. Сепак, за бетонските прстени се наведува дека биле топови, а не рампи за лансирање. Црвената армија веќе на 12 октомври 1942 година, го заземала споменатото подрачје и направила воена база на советската морнарица, како и пристаништето за подморницата, со што се објаснува забраната за приоѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.