вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 45

ФОТО: Тајните на Софија Вергара за совршен изглед

Згодната Колумбијка нанижа редица успеси, па покрај петтата Еми награда за серијата „Модерно семејство“ таа се почесто се појавува на страниците на таблоидите со новото момче Џо Манганиел.

sofija-vergara-1

Поврзани вести

Без разлика на тоа дали ја сакате или не, мора да признаете дека актерката Софија Вергара изгледа подобро од било кога.

Згодната Колумбијка нанижа редица успеси, па покрај петтата Еми награда за серијата „Модерно семејство“ таа се почесто се појавува на страниците на таблоидите со новото момче Џо Манганиел.

Сите знаат дека отсекогаш сум го избегнувала вежбањето затоа што бев задоволна со сопствената фигура. Откако наполнив 40 години, тој став нагло се промени. Почнав да забележувам дека имам опуштени делови на телото и знаев дека е време за промена, вели таа за магазинот „Шејп“.

sofija-vergara-2

За добрата линија Софија може да му се заблагодари на пилатесот на реформер. Кога ќе треба да држи диета, актерката признава дека тешко се откажува од омилените слатки, па дури размислувала и за хипноза. Но проблемот го решила на поедноставен начин – кога ќе изеде повеќе од тоа што смее, следниот ден тренира поинтензивно.

Се надеваме дека фотографиите на Софија ќе бидат доволна мотивација за и самите да почнете поинтензивно да тренирате.

Најчитани вести