ФОТО: Тамара Тодевска се сврши

По неколкумесечна тајна врска поп пејачката Тамара Тодевска му кажа „Да“ на избраникот на своето срце Александар Димитриевски-Мачка, пишува порталот Први.мк.

Тамара и Александар веќе неколку месеци се заедно, а утринава во ТЦЦ Плаза бившиот кошаркар ја побарал раката на Тамара.

По запросувањето журкава веднаш започна.

Тамара им раскажа на другарките, а честитките на нејзиниот  профил на Фејсбук не прекинуваат.

Како што објави Први.мк, вечерва се приготвува голема забава, а по овој повод од Белград пристигнува и Тијана, која исто така остави неколку интересни коментари на статусот на Тамара.

Датумот за венчавката сè уште не е закажан а и кумот сè уште не е известен. Најверојатно кум на оваа естрадно-спортска двојка ќе биде Перо Антиќ кој заедно со Мачка се партнери во ресторанот Атланта.

tamara-1 tamara-2 tamara-3 tamara-4 tamara-5 tamara-6 tamara-7

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.