Македонија,Крими хроника

ФОТО: Танчерки од Албанија приведени во тетовско

ФОТО: Танчерки од Албанија приведени во тетовско

Акциска контрола синоќа е спроведена во угостителски објект, лоциран покрај регионалниот пат Тетово-Јажинце, во Теарце.

При контролата, во објектот биле затекнати пет странски државјани, од кои четири девојки и едно машко лице од Република Албанија, а кои нелегално работеле, како и едно женско лице од Македонија.

-Четирите албански државјанки на возраст од 20 до 38 години работеле како танчерки и заедно со петтото лице од истата земја и сопственикот на објектот  Б.Е.( 33 ) од Слатино, приведени се и задржани во Полициската станица Тетово, а потоа се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и радмисија за натамошна постапка, информираат од полицијата.

Албанска државјанка на возраст од 35 години, вчеравечер пред полноќ затекната е и во угостителскиот објект „Мона Лиза“ во гостиварското село Форино. И таа е приведена и задржана за натамошна постапка