ФОТО: Тапетите сеуште се во мода

Многумина мислат дека тапетите се застарена позадина, но со новите модерен шаблони, текстури и бои ќе бидете изненадени од ефектот што може да се постигне во вашиот стан или куќа.

На пример, во спалната соба, со тапети можете да обложите само ѕид, оној кој се наоѓа веднаш зад креветот, и ќе добиете сосема нов и оригинални простор.

tapeti-1

Во продавниците сеуште има најмногу акции за оние кои се застарени и здодевни дизајни на тапети, но може да се најдат и оние со многу модерни детали како чудни цвеќиња, геометриски мотиви, металик нијанси и сл.

tapeti-2

На пример, тапетите што имаат естетика на дрво се совршени за да ги нагласите романтичните места, особено за помладите двојки. Или, нежните и деликатни линии се секогаш добредојдени, и тоа не само во спалната соба. Тие најдобро се вклопуваат со контрастни крем нијанси и на целиот простор ќе му пружат одредена нежност.

tapeti-3

За пространите спални не е лошо да искористите тапети во винтиџ стил. Такви се, на пример, оние што имаат птици и чамци со златни детали, а кои треба да бидат во согласност со остатокот од мебелот и ѕидовите во спалната соба.

tapeti-4

Постојат многу комбинации и можности, а овие неколку фотографии со уредување со тапети може да послужат како инспирација.