ТОП,Македонија

ФОТО: Tелма влезе во политичка кампања, Кировски на протестите на СДСМ

ФОТО: Tелма влезе во политичка кампања, Кировски на протестите на СДСМ

Директорот на ТВ Телма, Атанас Кировски, која отворено застанува на страната на СДСМ учествува и на нивните протести, пишува Курир.

Ова е фотографија и видео од протестите пред Агенцијата за медиуми која беше каменувана и исквернавена со бои.

Со ова се потврдува дека регулацијата на медиуми која ја бара лидерот на СДСМ Зоран Заев е само измислено барање зад кое се крие стравот од избори и соочување со народот, а Кировски кој е облечен во маица „СЈО“ кој дејствува како продолжена рака на СДСМ покажа дека е на целосно располагање на опозицијата.

Директорот на Телма воедно ја има и командната улога во уредувачката политика на телевизија, што значи дека човекот кој раководи со телевизијата и ги уредува вестите, директно учествува во протестите организирани од СДСМ и невладините на Сорос коои често завршуваат со судири со полицијата и насилство врз институциите.

Се очекува и реакција од Канцеларијата на Европската Унија, но и од организациите кои се залагаат за независност на медиумите.