ФОТО: Тешка сообраќајка кај Цементара

Тешка сообраќајка се случила утринава околу 11 часот на раскрсницата кај цементарница Усје во Скопје.

До сообраќајката дошло кога се судриле три возила, при што е причинета голема материјална штета. Засега нема информации за повредени.

Кај возилото во бела боја, кое според очевидци свртило во погрешен правец и го предизвикало сударот, целосно е оштетен предниот дел.