Фото: Тешка сообраќајка во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа пред околу половина час се случи на бул. Трета македонска бригада во Скопје, откако мотор од засега непозната марка удри во задната страна на Пежо 206 со скопски регистарски таблички.

Засега не се знае како дошло до нестреќата и дали има повредени лица, на местото на настанот во секој момент треба да пристигне полиција за целосно расчистување на случајот.

Инаку, бул. Трета македонска бригада само што е реконструиран и пуштен во употреба, а ова најверојатно е и првата сообраќајка која што се случила откако е пуштен булеварот.

tretab11