ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа во Велешта

Тешка сообраќајна несреќа се случи денес на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на Велешта.

Како што пренесува телевизија Spektra сообраќајната незгода се случила во момент кога автомобилот марка Алфа Ромео без регистарски таблички удрил во електричен столб и заврши во каналот од другата страна на патот.

Патниците кои биле во автомобилот за среќа поминале без сериозни повреди.

Причината за несреќата е големата брзина и невнимателност на патот.