ФОТО: Тешка сообраќајка кај Катланово

ФОТО: Влатко Перковски, Телеграф.мк
ФОТО: Влатко Перковски, Телеграф.мк

Едно лице се бори за живот по страшната сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот Скопје – Велес, кај Катланово, објави Телеграф.мк.

Од МВР соопштуваат дека сообраќајката се случила утрово, во 5 и 40 часот кога автомобил „мерцедес“ со велешки таблички, од засега непознати причини, излетал од патот. Возачот С.М. (55) од Кавадарци поминал со лесни повреди, додека сопатникот З.С. (50) е тешко повреден и е пренесен на Ургентниот центар во Скопје.

Повеќе фотографии на Телеграф.мк.