11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ФОТО: Тешка сообраќајка кај Скопјанка

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата кај Скопјанка во населбата Аеродром, а неколку лица се повредени, пишува Независен весник.

Учесници во несреќата се четири автомобили.

Како што раскажуваат очевидци, три од патничките возила штотуку тргнале на семафорите, а тогаш во нив со голема брзина влетал четвртиот автомобил.

На крстосницата има слабо осветлување и намалена прегледност.

Засега нема подетални информации за повредените лица кои се пренесени со брза помош на клиниките.

Полицијата е излезена на местото на настанот и врши увид.