ФОТО: Тежела половина тон, а сега облече бикини

Триесет и осумгодишната Катрина Реифорд речиси цел живот се бори со вишокот килограми. За неа, тоа бил проблем за кој сметала дека никогаш нема да го реши, а во одреден период имала неверојатни 453 килограми, поради што важела за најдебела жена на светот.

Несреќна и без надеж, Катрина и денот и ноќта ги поминувала во кревет, а потоа решила да направи драстични промени и ја преполовила својата тежина.

-Поради губењето на килограми сега имам само 60 килограми кожа која буквално виси на мене. Мојот следен план е да соберам пари и да си овозможам хируршки зафат за да го отстранам тој вишок. Имам план, тоа е најважно, бидејќи до неодамна немав ниту надеж, објаснува Катрина.

Како и голем број лица кои го имаат овој проблем и Катрина започнала да јаде на нервна база, а нејзиниот стрес имал застрашувачка приказна во позадина.

katrina1

Катрина како девојче била сексуално злоставувана, а својата тага и болка ја „лекувала“ со храна во огромни количини. Со текот на времето толку се здебелила што започнала да има големи проблеми со дишењето, а неколку пати доаѓало возило на Брза помош да ја однесе до болница, бидејќи не можела да оди.

Решила да направи драстични промени во својот живот, па била подложена и н операција за вградување на интрагастрички балон, но и редовно соработувала со експертите со цел да се ослободи од вишокот килограми.

Денес, за себе вели дека е сосема друга личност, а си ги купила и своите први бикини.

-Мислев дека никогаш нема да облечам бикини. Пресреќна сум, но немам намера да застанам на оваа тежина, изјавила Катрина.