ФОТО: Тошо Малерот ужива во љубовта

Васко Тодоров ужива во друштвото на жената на неговиот живот.

Познатиот комичар од триото на „К-15“, Васко Тодоров се ожени и за медиумите изјави дека е пресреќен што ја нашол жената на својот живот.

Неговата избраничка е Марија Христова, сега Марија Тодорова (мајка на деветгодишна ќерка) која живее во Австралија, а во моментов престојува во Македонија заради венчавката и подготовка на документите за заедничко заминување во Австралија.

1toso.jpg500

Брачниот пар ужива во љубовта, а доказ за тоа е и оваа фотографија што деновиве осамна на социјалните мрежи.