ФОТО:Трагедија на свадба во Кина, 10 загинати, над 90 повредени

Трагедија во Кина за време на свадба. Најмалку десет лица загинаа,  а 11 се во критична состојба откако во источниот дел на Кина, се урна сала во која се одржувала свдабена свеченост на која присуствувале над 200 гости.

Кинеската агенција „Синхуа“  објави дека 91 лице е хоспитализирано поради повреди добиени во несреќата. Според информациите од болницата, 11 лица се борат за живот.

Од локалната полиција се’ уште  официјални информации за причините за уривање на салата.

Според локалното население зградата била стара и најверојатно покривот попуштил под тежината на снегот што паднал изминатите неколку дена.