Свет

ФОТО: Трагедија во Кентаки, во пожар загинаа мајка и осум деца

ФОТО: Трагедија во Кентаки, во пожар загинаа мајка и осум деца

Семејна трагедија во Кентаки, мајка и осум деца загинаа по пожар, се спасија само таткото и едната ќерка, но се здобиле со тешки изгореници.

Според американските медиуми вчера, во раните утрински часови, додека сите спиеле избувнал пожар во куќата на 11-члено семејство во Кентаки.

Stable: Chad Watson and daughter Kylie are in critical but stable condition at a hospital in Nashville

Пожарот, во дрвената куќа во Гринвил, бил предизвикан од електрична греалка. Пламените јазици брзо се прошириле додека семејството спиело. Додека стигнале противпожарните возила, целата куќа била во пламен.

Burnt: Investigators survey the damage to the home in rural Greenville, Kentucky

Огнената стихија била фатална за мајката, 35-годишната Лара Ватстон и нејзините осум деца на возраст од четири до 15 години. Со тешки изгореници се здобиле таткото, 36-годишниот Чад Ватстон и 11-годишната ќерка.  Двајцата се хоспитализирани.

The children: The home in Greenville belonged to Chad Watson and his wife Larae (also known as Nikki). They had nine children ranging in age from 4-15. Bodies of the mother and eight of the children have been pulled from the house

Пожарникарите ги повикал сосед кој забележал густ чад од куќата.

Куќата имала три спални соби,па повеќето деца со родителите спиеле во дневната соба. Телата на загинатите биле пронајдени во првиот кат на куќата.

The parents: CNN confirmed that father Chad Watson (left) was able to get out of the fire with an 11-year-old daughter Kylie. Mother Larae (right) is one of the nine that died

Сосетката Лора Бенет за медиумите изјавила дека надвор било толку ладно, што кога пожарникарите се обиделе да ја изгаснат огнената стихија, водата се замрзнувала веднаш.

Inside: A family of 11 were in the house when a neighbor reported the fire around 2am

Putting out the flames: Fire crews were on the scene for four hours Thursday morning