ФОТО: Трагични предвидувања за 2014 година

Година на болести, уништување на животната средина, растурени семејства и судири меѓу луѓето и државите кои би можеле да прераснат во војни, вакви се предвидувањата за годината која што започна пред три дена.

Највисоките свештени лица на афро-кубанската религија Сантерија, познати како балалави, предупредиле денес, на нивниот традиционален новогодишен ритуал, дека 2014. година ќе биде година на болести, уништување на животната средина, растурени семејства и судири меѓу луѓето и државите кои би можеле да прераснат во војни.

Претставувајќи го “Годишното писмо”, извештајот на својата религиска група по мистериозниот новогодишен ритуал со верско пеење и жртвување на кокошка, коза и други животни, балалавите исто така предвиделе дека во оваа година ќе починат многу значајни политички и верски лидери. меѓутоа не навеле ниту едно име, пренесува AP.

Свештениците порачале дека меѓусебното разбирање, соработка и единство се клуч за стабилна иднина, како на Куба, така и насекаде во светот.

„ Дојде време младите да се отворат пред постарите, а старите да ги прифатат со раширени раце…Дијалогот е единственото решение за овој свет”, порачал еден од основачите на “Годишното писмо”, Лазаро Квеста.

Минатиот јануари, свештениците ја предвиделе смртта на Чавез, како и немирите во Египет и Сирија.