Македонија

ФОТО: Трајановски на терен по поплавените улици низ Скопје

ФОТО: Трајановски на терен по поплавените улици низ Скопје

По силното невреме кое синоќго зафати главниот град, при што беа поплавени неколку подвозниците во градот, беше свикан итен состанок на оперативното тело на Владата и Град Скопје за координација и справување со поплавите.

Надлежните институции заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески веднаш излегоа на терен на најкритичните точки кои беа поплавени во градот.

1

Најзафатени беа булеварот под Стоковната куќа Мост, на кружниот тек кај хотелот Континентал, спроти зградата на МРТ, Булеварот „Киро Глигоров“ и улица „Финска“. На некои од нив нивото на водата достигна 2,5 метри, а беа заглавени и неколку автомобили.

2

Се мобилизираа сите Јавните претпријатија, Комунална хигиена, Водовод и Канализација, Улици и патишта, Паркови и зеленило, Дирекцијата за заштита и спасување како и Противпожарната единица и на повеќето места водата беше испумпана за многу кратко време и штетите се санирани.

3

 

4

 

5

6

7

1koce

 

3koce